Кина има повеќе од една милијарда претплатници на 5G технологијата

Сподели со своите пријатели

Бројот на претплатници на 5G мобилни во Кина надмина една милијарда на крајот на ноември, што претставува пресвртница на кинескиот телекомуникациски пазар, според извештајот на Министерството за индустрија и информатичка технологија (MIIT).

Тој број на претплатници претставува 56 отсто од сите мобилни претплати во Кина и е за 9,4 отсто поголем од истиот период минатата година, пренесува Ксинхуа.

Брзиот раст на претплатите за 5G е поддржан од огромниот развој на инфраструктурата.

Според податоците на MIIT, Кина има инсталирано речиси 4,2 милиони базни станици за 5G до крајот на минатиот месец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сестрата на Ким им се закани на САД: Би можеле да возвратиме со поофанзивен одговор

Ваквите податоци ја потврдуваат водечката глобална позиција на Кина во имплементацијата на 5G технологијата, пренесе Танјуг.