Обдукцијата тврди дека родилката од Куманово починала од природна смрт (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Обдукцијата на починатата 31-годишна родилка од Куманово тврди дека настапила природна смрт, но адвокатот на семејството Христијан Георгиевски се сомнева во тоа.

Loading...

Извештајот од стручен надзор укажал на одредени пропусти, појасни Георгиевски.

– Во текот на истрагата што ја спроведуваме со родилката од Куманово, постојат нови факти врз основа на кои сметаме дека уште повеќе се согледуваат недоследностите и противречености во самите извештаи. Ни стигна извештајот за спроведен стручен надзор за пацинетката родилката од Куманово во која делумно се потврдува дека има направено пропусти како што е наведено во делот на административни пропусти во пополнување на медицинската документација, изјави тој.

 

 

Од извештајот вели адвокатот, останува нејасно „зошто во текот на оперативниот зафат настапува повторно влошување на општата состојба на пациентката проследено со намалување на крвниот притисок кој прогресирал до срцев застој“.

– Ако за самата инспекција, комисијата за вршење надзор на стручната работа на ЈЗУ Општа болница е нејасно, ние како немедицински лица не би можеле да дадеме одговор. Во секој случај овие наоди ќе ги продлабочиме и на тој начин ќе добиеме одговор на овие нејаснотии. Во однос на самата обдукција целосно не се согласувам со наводите на обдуцентите и раководителите на институтот за судксата медицина, од причина што истите наведуваат смртта на покојната на возраст од 31 година е природна и настанала како резултат на ембоилија, изјави Георгиевски.

Loading...

Тој прашува како една здрава родилка, која имала здрав плод, можела да почине од природна смрт, а сите други индикации да укажуваат на нешто друго.

– Дополнение ќе се повикам и на фактот дека самата рожба немала апсолутно никакви аномалии во текот на породувањето и до денеска иако се наоѓа на универизитетската клиника за детски болести во Скопје со почетна дијагноза породилна асфиксија неозначено до денеска нема утврдено дијагноза и неговата психофизичка состојба е се уште критична, појаснува адвокатот.

Обдукцијата, вели Георгиевски, иако била направена на 28 септепмври, биле потребни два месеца за извештајот да пристигне до нив.

– Во поглед на самата обдукција која ние ја примивме во последната недела на ноември, датумот на нејзино изготвување е 28-ми септември. Односно дури два месеца по изготвување на извештајот и ОЈО Куманово и ние како адвокатска канцеларија го добиваме овој извештај и не е јасно зошто бил да не кажам ненавремено доставен до надлежни институции, прашува адвокатот.

Семејството, вели тој, е огорчено од ваквото однесување на институциите и ќе бара одговорност.

Триесет и едногодишната кумановка почина на 27 септември на Одделението за гинекологија и акушерство во Општа болница Куманово.

Откако пристигнала во болница со прснат водењак, било чекано подолг период самата да добие контракции.

Откако тоа не се случило ѝ била давана стимулација при што нејзиното срце престанало со работа.

Loading...

Родилката веднаш била однесена во операциска сала, каде е породена со царски рез.

На свет донесе машко дете, чија здравствена состојба е исклучително тешка и комплицирана.

Тоа било нејзино второ породување.