Над 800 парчиња пиротехника пронајдени кај жител на Матејче

Сподели со своите пријатели

Над 800 парчиња пиротехнички средства пронашла полицијата кај жител на липковското село Матјче, по што истиот бил приведен.

Loading...

– На 20.12.2024 во 10.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Џ.(34) од село Матејче, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при преглед кај него, биле пронајдени и одземени околу 840 парчиња пиротехнички средства.

– С.Џ. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  500 парчиња пиротехника пронајдени во продажен објект во Куманово