Полска заплени течен кокаин вреден 1,7 милиони евра во пратка брендирано вино

Сподели со своите пријатели

Полските власти заплениле 44 литри течен кокаин во вредност од 1,7 милиони евра, кој бил скриен во пакувања со вино, пренесува Ројтерс.

Loading...

Службениците од единицата за поморска гранична стража во пристанишниот град Гдањск работеа со чешките цариници за да ги фатат шверцерите.

Граничната стража во соопштението наведе дека кокаинот бил скриен во пратка брендирано вино и дека пратката првично била натоварена на контејнерски брод во пристаништето во Панама.

Пратката требало да оди преку еден од поморските патишта на Чешка, како и преку нивната царинска точка.

Во врска со случајот се уапсени тројца мажи, но најавено е дека ќе има уште апсења.