Режимот во Киев ќе мора да се согласи на територијални отстапки за да се реши украинскиот конфликт, изјави во неделата словачкиот претседател Петер Пелегрини.
Loading...
Словачкиот претседател за ТВ STVR изјави дека Украина ќе мора да се помири со отстапување на дел од својата територија на Русија.
„Ако зборувате за мир, мислам дека треба да бидете реални, денес веројатно никој во Европа кој мисли нормално не мисли дека ќе биде можно да се воспостави мир без некои делумни територијални загуби на Украина“, рече тој.
Истовремено, Пелегрини ги повика конфликтните страни што поскоро да седнат на преговарачка маса.