Годинава нема да се поставуваат новогодишни тезги во Куманово

Сподели со своите пријатели

Куманово годинава нема да има новогодишни тезги, рече денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски одговарајќи на советнички прашања.

Loading...

Како што вели во изминатите години закупувачите продавале се, освен она што требало, а тоа се новогодишни украси. Наместо да создаваат убава новогодишна атмосфера, тие создаваат лоша слика во централното градско подрачје.

– Подносителите на барања за рентање на тезги кои ги бараат за да продаваат новогодишни материјали, честитики, украси и други видови производи кои се продаваат за време на новогодишните празници, ги злоупотребуваат договорите кои ги потпишуваат и од овие локации прават мобилни продавници за текстил и секаков вид други призводи, а притоа и видно и од естетски и визуелен аспект ја нарушуваат поставената содржина, рече градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прво видео надзор, па потоа публика во Спортската сала во Куманово

Како што потенцираше Димитриевски, лани иако имале состанок и добиле ветување од трговците дека нема да прават панаѓур од тезгите, не го испочитувале.

– Тие не го испочитуваа договорот и по мое барање беа дисцлориани сите до еден. Немам намера да создавам лоша слика во центрланото подрачје и имам намера една лоша пракса да ја неутрализирам во градот, рече тој.

Инаку претходните години новогодишните куќарки беа лоцирани на малиот градски плоштад, но наместо новогодишни производи се продаваше се и сешто, а често на тезгите висеше и долна облека.

Никола Ивановски