Леопард во Индија усмрти дете

Сподели со своите пријатели

Жителите на малото индиско село Шархам се во шок откако леопард нападнал двегодишно момче во дворот на семејната куќа, пренесува Mirror.co.

Loading...

Момчето брзо било пренесено во болница, откако било пронајдено облеано во крв. И покрај максималните напори на лекарите, малото момче им подлегна на повредите.

Нападите од диви животни во Индија зачестија. Ова е шести ваков напад на овие простори.

– Жал ми е за се што се случи. Апелирам до властите да ги заштитат луѓето и да спречат идни напади – изјави политичарот Шеик Хуршид.

Претходно оваа година група леопарди нападнаа луѓе во локален парк, а две лица беа тешко повредени по уште еден напад врз група луѓе во средината на годината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар во Малибу: Горат над 3.000 хектари, илјадници луѓе се евакуирани

Според индиските медиуми, најмногу смртни случаи во Индија се предизвикани од слонови.