Израелската армија стигна на 25 километри до Дамаск

Сподели со своите пријатели

Упадот на израелската армија во Сирија напредува на околу 25 километри југозападно од главниот град Дамаск, изјавија денеска за Ројтерс два регионални безбедносни извори и еден сириски безбедносен извор.

Loading...

Сириски безбедносен извор изјави дека израелските војници стигнале до Катана, лоцирана на 10 километри во сириска територија источно од демилитаризираната зона што ја дели Голанската висорамнина окупирана од Израел од Сирија.

Израелската армија не ги коментираше овие наводи, пренесува агенцијата.

Израелски авиони вчера бомбардираа најмалку три водечки воени воздушни бази на сириската армија, каде што се наоѓаа десетици хеликоптери и авиони, соопштија два сириски извори, додека министерот за надворешни работи Гидеон Сар изјави дека биле бомбардирани и „остатоци од хемиско оружје“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган ги повикува сите земји да ги „држат рацете подалеку“ од Сирија, оти Турција ќе ги уништи терористите

Неименуван висок израелски функционер изјави дека воздушните напади ќе продолжат и во наредните денови, додека Саар рече дека Израел нема намера да се меша во внатрешните работи на Сирија и дека е заинтересиран само да ги брани сопствените граѓани, пренесе Ројтерс.