„Русија мачеше до смрт градоначалник од југот на Украина“: Тврдења на украинските власти

Сподели со своите пријатели

Украина денеска ја обвини Русија дека го мачела до смрт градоначалникот на Днепрорудна на југот на земјата, кој беше уапсен од руските сили во 2022 година.

Loading...

„Евген Матвеев, градоначалникот на Днепрорудна, беше заробен од окупаторите две години и осум месеци и беше мачен до смрт“, напиша Иван Федоров, гувернер на областа Запорожје.

Тој на Телеграм изјави дека неговото тело е вратено во Украина.

Федоров го опиша поранешниот градоначалник како „вистински патриот“.

Градот Днепарудна, со околу 17.700 жители, се наоѓа во регионот Запорожје, кој беше делумно припоен од Москва во 2022 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планот на Трамп за Украина: Територијални отстапки, но без разговори за влез во НАТО