Украина: Најмалку осум лица се повредени во напади со руски дронови во текот на ноќта

Сподели со своите пријатели

Најмалку осум лица се повредени, а станбени згради се оштетени во главниот град Киев и во јужниот дел на областа Одеса во нападите на руски дронови врз Украина во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Loading...

Во напад со дрон на јужниот регион Одеса, оштетени се 13 станбени згради, а седум лица се повредени, се наведува во соопштението на украинската полиција.

Делови од соборените руски беспилотни летала погодија згради во два киевски квартови и повредија едно лице доцна синоќа, соопштија градските власти, пренесе Ројтерс.

Украинското воено воздухопловство во соопштение наведува дека од 132 руски беспилотни летала кои биле лансирани во текот на ноќта, собориле 88 беспилотни летала, додека 41 биле „изгубени“, а еден е вратен на руска територија, наведува агенцијата, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Мирот никогаш не бил поблиску, воената ситуација никогаш не била толку опасна