„Смешно и апсурдно“: Кремљ за оштетување на кабелите во Балтичкото Море

Сподели со своите пријатели

Кремљ денеска соопшти дека е „смешно“ и „апсурдно“ да се обвинува Русија за оштетување на два телекомуникациски кабли во Балтичкото Море.

Loading...

„Смешно е со оглед на недостатокот на одговор на саботажата на Украина во Балтичкото Море“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во врска со саботажата на гасоводот „Северен тек“ во септември 2022 година, за што Москва го обвинува Киев.

Украина негираше дека е вмешана, но германското правосудство издаде европска потерница за украински нуркачки инструктор осомничен за вмешаност во саботажа.

Не е потврдена вмешаноста на украинската држава во саботажата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган се противи на одлуката на САД да ѝ дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел

Во врска со оштетувањето на два телекомуникациски кабли меѓу Финска и Германија од една страна и Шведска и Литванија од друга страна, Песков денеска изјави дека „прилично е апсурдно да се продолжи да се обвинува Русија за се, без никаква основа“.