Шмихал: Украина доби грант од 1,35 милијарди долари од САД

Сподели со своите пријатели

Украина доби грант од 1,35 милијарди долари од САД, кои ќе бидат наменети за хуманитарни и социјални програми, објави украинскиот премиер Денис Шмихал.

Loading...

„Украина доби грант од 1,35 милијарди долари од САД. Овие средства ги насочуваме кон приоритетни хуманитарни и социјални програми“, напиша Шмихал на Телеграм.

Тој прецизираше дека американската влада го насочувала финансирањето преку Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и во координација со Министерството за финансии на САД и Стејт департментот, пренесува Укринформ.

Украинскиот премиер им се заблагодари на американските партнери за оваа поддршка, а исто така нагласи дека неговата влада продолжува да работи со своите сојузници за да ги мобилизира потребните финансиски средства во оваа и следната година, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Блискиот исток, Украина и Трамп на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7

Светска банка објави нов пакет поддршка за Украина во износ од 750 милиони долари, објави претходно Укринформ.