Вулкан на Бали исфрли пепел висок 10 километри: Откажани летови, евакуирани илјадници граѓани

Сподели со своите пријатели

Неколку меѓународни авиокомпании денеска ги откажаа летовите до и од индонезискиот остров Бали, по новите ерупции од вулканот Лаки-лаки, кој исфрли пепел висок до десет километри во воздух, принудувајќи илјадници жители да се евакуираат.

Loading...

Авиокомпаниите Jetstar, Qantas, Air Asia и Virgin Australia ги откажаа летовите до и од Бали откако вулканска ерупција во близина на туристичкиот град во Индонезија создаде опасен облак од пепел, јавува Ројтерс.

Најмалку девет лица загинаа во првата ерупција на вулканот Лаки-лаки, на планината Левотоби во источна Индонезија, на околу 800 километри од Бали, на 3 ноември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Блискиот исток, Украина и Трамп на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7

Оттогаш, вулканот еруптираше неколку пати, вклучувајќи ја и вчерашната активност.

Од 4 до 12 ноември на Бали се откажани 80 летови, вклучувајќи ги и оние од Сингапур, Хонг Конг и неколку австралиски градови, изјави за Ројтерс генералниот директор на аеродромот на Бали.

Индонезија има близу 130 активни вулкани и се наоѓа на таканаречениот пацифички „огнен прстен“, област со висока сеизмичка активност на повеќе тектонски плочи.

 

Loading...