Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта во јужните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.
Како што потенцираат во метеоролошката најава од УХМР, до петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи со променлив интензитет.
Денес во вечерните часови, во текот на ноќта и утре локални врнежи од дожд ќе има во јужните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла.
Во четврток наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м 2 ), а поради продор на постудена воздушна маса од север во четврток и петок на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во петок.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.
Никола Ивановски