Го убил во шума и му го украл идентитетот: Го барале со недели, нуделе и пари за информација

Сподели со своите пријатели

Приказната датира од 18 октомври годинава, кога полицијата добила повик од маж во кој тој објаснил дека паднал од карпа и дека го нападнала мечка.

Loading...

Тие го лоцирале повикот од локација во близина на мостот Черохала во Тенеси.

Тоа бил план од соништата. Човекот, симболично наречен Хамлет, детално испланирал како преку ноќ ќе стане некој друг.

И речиси успеал во тоа.

Кога пристигнала полицијата, човекот бил мртов, но некои работи немале смисла за полицијата и шерифот на округот Монро.

Имено, мажот немал повреди од пад од карпа и напад на мечка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Француското обвинителство бара пет години затвор за Марин Ле Пен

Токму Хамлет повикал полиција, но користел други информации.

Овие легитимации полицијата ги пронашла на телото на несреќниот маж, но верувале дека овој човек е убиен.

Loading...

По две недели истрага, полицијата открила дека убиениот е Стивен Даглас Лојд (34).

Тој бил убиен во шумата од Хамлет, со кого Стивен се спријателил.

Истрагата открила дека тие барале маж по име Николас Вејн Хамлет (45), по кого распишале и потерница од 5.000 долари.

– Стивен често живееше на улица, но сепак беше во контакт со нас. Ја сакаше природата и поминуваше многу време во шумата. Шокирани сме од се што се случи – соопшти семејството.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тајфунот Усаги ги погоди Филипините, петта голема бура во последните три недели

Не им требаше долго да го најдат Хамлет. Тој беше идентификуван оваа недела во локалната болница во Тенеси, помалку од еден месец по убиството. Не е јасно зошто бил таму.

Тој бил обвинет за убиство од прв степен, а шерифот Бил Френклин рече дека Хамлет бил на условна казна од 2011 година по обид за убиство и напад.

Подоцна се дозна дека Хамлет бил баран во неколку сојузни држави за измама и други кривични дела.