Северна Кореја истрелала нова ракета и собори рекорд

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја тврди дека истрелала интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), поставувајќи рекорд кој го надмина секој претходен тест, објави државната медиумска агенција на земјата KCNA.

Loading...

Советот за национална безбедност на Јужна Кореја објави дека Северна Кореја повторно ги прекршила резолуциите на Советот за безбедност на ОН со истрелување интерконтинентална балистичка ракета.

Советот за национална безбедност одлучи да воведе нови санкции за Северна Кореја и тесно да соработува со сојузниците и ОН за да се осигура дека санкциите на меѓународната заедница против Северна Кореја можат посилно да се спроведуваат, се вели во соопштението на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол.

Јун, исто така, нареди силен одговор и темелна подготовка за да се спречи Северна Кореја да планира ненадејни провокации.

Американската војска исто така го осуди лансирањето на ракетата и ја повика Северна Кореја да се воздржи од понатамошни незаконски и дестабилизирачки дејства.

Би-Би-Си известува од Јужна Кореја и Јапонија дека проектилот на крајот паднал во водите во близина на источниот брег на земјата со која управувал врховниот лидер Ким Џонг Ун.

Се наведува дека проектилот бил испукан под остар агол и дека достигнал височина од 7.000 километри, што значи дека доколку била лансирана од хоризонтална положба, можела да достигне уште поголема оддалеченост.

Британскиот медиумски сервис наведува дека лансирањето на ракетата се случило во време на влошување на односите на Корејскиот полуостров и се поагресивна реторика на Пјонгјанг кон Сеул.

Loading...

Јужна Кореја вчера го предупреди светот дека Ким се подготвува да лансира интерконтинентална балистичка ракета пред претседателските избори во САД закажани за 5 ноември.

Според Си-Ен-Ен, иако со овој проектил, Ким покажал дека неговата ракета може да има дострел да погоди цел каде било во САД, да ја погоди територијата на САД, таа ќе треба да биде истрелана на порамна траекторија.

Соопштено е дека Белата куќа го осуди овој ракетен тест, нарекувајќи го „флагрантно кршење на повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН“.