Кумановец со БМВ излетал од патот, се здобил со тешки повреди

Сподели со своите пријатели

Четириест и деветгодишен кумановец се здобил со тешки телесни повреди откако со својот автомобил излетал од патот во селото Проевце.

Loading...

– На 27.10.2024 во 23.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот  пат во с.Проевце, кумановско, патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано  од Д.Т.(49) од село Вак`в, кумановско излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претрес во кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми

Никола Ивановски