Изминатата недела (од 14 до 20 октомври) во Куманово биле регистрирани вкупно 18 лица заболени од грип.
Тоа е најголем број на заболени во Македонија во текот на 42-та недела од сезоната, а во целата држава, според статистиката на Институтот за јавно здравје, биле регисрирани 50 случаи.
– Во споредба со 42-ра недела од минатата сезона, (n=53), се регистрира намалување од 5,7%, додека во однос на моделот за последните 14 сезони (n=38), се регистрира зголемување од 31,9%, стои во извештајот на Институтот.
По Куманово со регистрирани 18 случаи, следуваа Гостивар со 16, Свети Николе – 7, Тетово – 5 и Кавадарци и Кочани – по два.
– Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 38 лица, 5 лица се на возраст над 65 години, 6 се деца на возраст од 5-14 години и едно е дете на возраст од 0-4 години. Кумулативно, заклучно со 42-ра недела, пријавени се вкупно 106 случаи, се додава во извештајот.
Во истиот период дел од примероците биле тестирани и за присуство за коронавирусот, при што сите наоди биле негативни.
Никола Ивановски