Силна експлозија во фабрика во Болоња, едно лице загина

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина во силна експлозија што се случи вчера, на 23 октомври околу 17 часот и 20 минути во фабрика во Виа Персичетана Векиа, во областа Борго Панигале во Болоња.

Loading...

Станува збор за магацинот на ‘Toyota Material Handling’, мултинационална компанија која се занимава со менаџирање на стока.

Се претпоставува дека експлодирал компресорот, а експлозијата предизвикала уривање на дел од магацинот, пренесува АНСА.

На терен излегле пожарникари, екипа на Брза помош 118 со хеликоптер и полиција.

Првите информации говорат дека во експлозијата загинала една жртва, а најмалку тројца се тешко повредени, јавува тпортал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мекдоналдс го повлече омилениот хамбургер во САД