Кумановци со меѓусебна тепачка го нарушиле јавниот ред и мир

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово го нарушиле јавниот ред и мир вчеравечер со меѓусебна физичка пресметка.

Loading...

– На 14.10.2024 во 21:35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Кирил и Методиј“ во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу И.М. (38) и Т.Б. (44) двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: За денеска два метео аларми