Трамп го критикува Фокс њуз по најава за интервјуто со Камала Харис

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп го критикуваше Фокс њуз откако ТВ мрежата најави интервју со неговата демократска ривалка Камала Харис.

Loading...

Во низа објави на социјалните мрежи тој изјави дека оваа ТВ-мрежа наклонета кон конзервативците „станала слаба кон демократите“, објави денеска Политико.

Трамп оцени дека водителот Брет Баер, кој ќе ја интервјуира Харис, е премногу мек лево.

Во посебна објава, поранешниот американски претседател изјави дека портпаролот на Харис, Јан Самс, „буквално е сопственик на Фокс“, а критикуваше и неколку новинари на таа компанија, меѓу кои и Нил Кавут.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цукерберг се сретна со Трамп на неговиот имот во Мар-а-Лаго

„Лажго Камала Харис мудро го избра Брет Баер да го води поголемиот дел од интервјуто, бидејќи тој се смета за фер и избалансиран, иако често е многу мек лево“, напиша Трамп во една од објавите.

Тој додаде дека би сакал Харис да биде интервјуирана од потврд новинар.

Во друга објава, Трамп напиша дека Фокс „тотално го изгубила“, напаѓајќи ги нивните новинари Кавуто, Ерик Шон и Артел Невил, а исто така ги критикуваше и демократите кои се појавуваат на Фокс.

„Дали знаете колку време постариот советник на Камала Харис, Иан Самс, троши на Фокс њуз“, праша поранешниот претседател, повикувајќи ги другите демократски функционери кои се појавуваат во шоуто дека негативно влијаеле на изборите.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цукерберг се сретна со Трамп на неговиот имот во Мар-а-Лаго

Засега оваа ТВ мрежа не ги коментираше тврдењата на Трамп.

Според Политико, Трамп и покрај критиките редовно се појавува на мрежата Фокс њуз, а оваа недела ќе учествува на настан на кој ќе одговара на прашања од женска публика, чиј водител е оваа ТВ куќа, пренесува Танјуг.