Кумановка повредена при судир на електричен тротинет и мотор

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишна девојка од Куманово е тешко повредена откако со својот мопед се судрила со електричен тротинет управуван од малолетник.

Loading...

– На 14.10.2024 во 18.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет, управуван од малолетник и мопед управуван од А.А.(19), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобила А.А., констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изложба на Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“ во Куманово