Жесток израелски напад на двор на болница во Газа, најмалку четворица мртви

Сподели со своите пријатели

Во израелски воздушен напад врз дворот на болницата Ал Акса во центарот на Газа синоќа, според информациите од болницата и претставници на цивилната заштита, загинале четири лица, додека други 40 лица се повредени.

Loading...

Околу 5.000 раселени Палестинци побарале засолниште во областа.

Израел: Го гаѓавме командниот центар на Хамас

Канцеларијата за медиуми на владата во Газа објави дека ова е седми напад врз болничкиот комплекс од јануари и ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел да ги запре нападите врз цивилите.

Израелската армија соопшти дека нападот бил насочен кон командниот центар на Хамас, кој наводно се наоѓал во комплексот на поранешната болница „Шухада Ал Акса“.

Израел, исто така, соопшти дека презел мерки за ограничување на цивилните жртви, но го обвини Хамас за користење на цивилната инфраструктура.

Вчера во израелските напади во Газа загинаа најмалку 40 лица, меѓу кои 13 деца, а многумина беа пренесени на лекување во болницата Ал Акса.