Трамп: Харис ќе ја претвори целата земја во камп за мигранти

Сподели со своите пријатели

На нешто повеќе од три недели до претседателските избори во САД, кандидатите Камала Харис и Доналд Трамп одржаа големи митинзи.

Loading...

Харис им се обрати на поддржувачите во Северна Каролина, која неодамна беше погодена од ураганот Хелена.

Трамп се појави во Аризона, каде вети дека, доколку победи, ќе ангажира дополнителни 10.000 припадници на граничната полиција за да го спречат влезот на мигрантите од Мексико.

– Ако Камала добие уште четири години, целата земја ќе се претвори во камп за мигранти. Тоа ни се случува. Доаѓаат милиони и милиони луѓе. По мојата победа на 5 ноември завршува инвазијата на мигрантите и започнува обновата на нашата земја, изјави Доналд Трамп, републиканскиот кандидат за претседател на САД.

– Доналд Трамп сака да ги плаши луѓето, да создава страв, да го искористи проблемот наместо да го прави она што го прават вистинските лидери, а тоа е да ги решаваат проблемите. Се грижам за решавање на проблемите. Како претседател на САД, секој ден ќе работам на решавање на проблемите што ве засегаат вас и вашето семејство, изјави Камала Харис, демократска кандидатка за претседател на САД.