ГФК Куманово го совлада составот на ФК Пчиња во градското дерби што се одигра викендов во рамките на Третата фудбалска лига Север.
Loading...
Без многу шанси на двете страни првиот дел заврши без голови 0:0.
Во вториот дел фудбалерите на ГФК Куманово по целосна доминација на теренот успеаја да постигнат гол во 73 минута од натпреварот преку нововлезениот Дарко Тодоровски.
Пет минути подоцна во 78 минута зголемија за конечни 2:0 со голот на Бехар Реџепи.
Наредниот натпревар ГФК Куманово го игра на гостински терен против екипата на ФК Кадино.
Никола Ивановски