На Спомен Костурница одбележан „11 Октомври“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со положување свежо цвеќе денеска на Спомен Костурница во Куманово, беше одбележан Денот на востанието – 11 Октомври.

Loading...

 

 

Бројни делегации од локалната самоуправа, претставници на Владата, Претседателот, Собранието на Република Македонија, амбасади, политички партии и  граѓански организаци одадоа почит на борците за слобода.

 

 

Loading...

Пред споменикот свое обраќање имаше градоначникот на Општина Куманово Максим Димитриевски кој истакна дека „11 октомври ја испиша македонската истроија, која не мотивира да гледаме само напред“.

– Денес сме исправени пред нови искушенија, не заборавајќи во ниту еден момент дека „11 Октомври“ и антифашистичката борба се доволен поттик за надминување на поделбите преку поголема меѓусебна почит. Општото добро на секој еден од нас треба да ни бид епримарна цел, за да ја одржуваме единствената можност за живот во слобода и мир на ова парче земја. 11 Октомври е наша гордост во намерата за остварување на подобро утре на граѓаните и посветла иднина на генерациите, кои допрва доаѓаат и кои треба да создаваат и живеат на ова тло. Да не дозволиме никому да ги разниша темелите на македонската државност.

 

 

 

 

Loading...

Свеченоста беше збогатена и со литературно читање и настап на хорот „Света Злата Мегленска“.

 

Никола Ивановски