Урош Луковиќ е новото засилување на МКК Куманово во претстојната кошаркарска сезона 2024/2025.
Луковиќ е талентиран играч кој доаѓа со богато искуство и е одличен избор за засилување на составот.
– Со своите вештини и физичка присутност, тој ќе придонесе за подобрување на играта на тимот. Луковиќ изрази задоволство од можноста да се приклучи на тимот и е решен да помогне во постигнување на нова успешна сезона, велат од управата на клубот.
Урош Луковиќ е роден на 8 јуни 1989 во Белград, Србија, а игра на позицијата центар.
Тој и во минатото го носеше дресот на Куманово, и беше миленик на публиката, се до моментот кога замина во тогаш најголемиот ривал на сино-белите, тимот на МЗТ Скопје.
Тогаш навивачката група Кумани „го погреба“ на трибините изложувајќи венец со неговото име.
Каква ќе биде средбата сега, останува да покаже новата сезона која започнува претстојниот викенд.
Никола Ивановски