18-годишник со „голф“ удрил во кумановка па избегал

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишен кумановец удрил во 21-годишна девојка од Куманово со својот автомбил „голф“, по што избегал од местото на настанот.

Loading...

– На 30.09.2024 во 20.38 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(18) од село Никуштак, општина Липково, удрило во Е.Р.(21) од Куманово, по што го напуштило местото на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијјата, со тешки телесни повреди се здобила Е.Р. констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец претепан од својата сопруга

Никола Ивановски