Трамп: Војната меѓу Русија и Украина брзо ќе заврши ако станам претседател

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој повторно се кандидираше за Белата куќа пред Републиканската партија, денеска изјави дека имал „одлична средба“ со украинскиот лидер Володимир Зеленски и дека, доколку биде избран за претседател на САД, војната меѓу Русија и Украина „брзо ќе заврши“.

Loading...

– Ако не, тогаш оваа војна никогаш нема да заврши и ќе влезе во фаза на Трета светска војна. Г-ѓа (Камала) Харис никогаш нема да може да ја заврши војната. Ништо нема да се смени, освен што смртта и уништувањето само ќе се влошат – порача Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Во четвртокот, за време на средбата со Зеленски, американскиот потпретседател Камала Харис оцени дека предлогот на Трамп за почеток на преговори со Русија за територијални отстапки ќе биде еднаков на капитулација.

По средбата со Зеленски, Трамп рече дека војната во Украина мора праведно да се заврши.

На прашањето дали се предомислил по разговорот со украинскиот лидер, Трамп одговори дека „многу научил“, но дека не се предомислил.

– Претседателот Зеленски и јас сакаме оваа војна да заврши. И праведно да заврши. Мислам дека тоа ќе се случи во вистинско време – додаде тој.