Уште еден кумановец наседнал на измамата со огревни дрва

Сподели со своите пријатели

Ѓеесет и тригодишен кумановец е најнова жртва на популарната измама со огревни дрва, при што останал без 100 евра.

Loading...

– На 25.09.2024 околу 15 часот во СВР Куманово, 63 – годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 100 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва и откако се договориле заедно се упатиле на местото каде наводно требало дрвата да пристигнат.

– Како што е пријавено, лицето го оставило пријавителот да чека и заминал наводно да смени девизи, но се упатил во домот на пријавителот, каде што ги побарал парите од неговиот брат, појаснуваат од кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во тек е акцијата за бесплатно отстранување хаварисани возила во Куманово

Како што стои во соопштението, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски