Трет ден израелско бомбардирање на Либан, Хезболах истрела 300 ракети врз Израел

Сподели со своите пријатели

Израелската армија утринава трет ден по ред бомбардира цели во Либан, предизвикувајќи илјадници луѓе да избегаат од југот на земјата, додека проиранското исламистичко движење Хезболах соопшти дека истрелало 300 ракети на израелска територија.

Loading...

Советот за безбедност на ОН треба итно да се состане во среда, на барање на Франција, во обид да се избегне ескалација на конфликтот.

Југот на земјата беше погоден во израелските бомбардирања, јави либанската новинска агенција NNA.

Медиумите објавија дека мета било и упориштето на либанското проиранско движење Хезболах во регионот Баалбек, на истокот на Либан.

Хезболах објави дека еден од воените водачи на движењето, Ибрахим Мохамед Кобеиси, е убиен во израелски бомбашки напад врз јужните предградија на главниот град.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска ќе заседава Советот за безбедност на ОН за Либан

Во исто време Хезболах денеска истрела околу 300 ракети на израелска територија.

Според израелски извори во тие напади биле ранети шест цивили и војници.

Според либанските власти, во израелските воздушни напади од понеделникот загинале 558 лица, од кои 50 деца и 94 жени, а 1.835 биле ранети.

Loading...