Израелската влада сака да го вовлече Блискиот исток во општа војна со тоа што ќе го испровоцира Иран да се приклучи на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, предупреди вчера иранскиот претседател, посочувајќи на „непрегледни“ последици.
Масуд Пезешкијан, обраќајќи им се на група новинари по пристигнувањето во Њујорк на Генералното собрание на ОН, рече:
„Не сакаме да бидеме причина за нестабилноста на Блискиот Исток, бидејќи последиците би биле непроценливи. Сакаме да живееме во мир, не сакаме војна“, додаде тој.
„Израел е тој што има тенденција да го создаде овој општ конфликт“.
Пезешкијан, релативно умерен политичар кој беше избран во јули со ветување за прагматична надворешна трговска политика, ја обвини меѓународната заедница дека молчи пред, како што рече, „израелскиот геноцид“ во Газа.
„Ќе ја браниме секоја група што се бори за своите права и за себе“, рече Пезешкијан на прашањето дали Иран ќе влезе во конфликт меѓу Израел и Хезболах.
Не сакаше повеќе да навлегува во детали.