Ердоган со премиерот на Либан: Исклучително опасни напори на Израел да ја прошири војната

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со либанскиот премиер Наџиб Микати, изразувајќи жалење за смртта на луѓе во симултаните пејџери експлозии во Либан.

Loading...

Ердоган му рекол на Микати дека аспирациите на Израел да го прошири конфликтот во регионот се „исклучително опасни“ и дека ќе продолжат напорите да се запре „израелската агресија“, пренесува Анадолија.

Пејџерите што ги користеа членовите на Хезболах вчера истовремено експлодираа во јужен Либан, а Хезболах денеска објави дека бројот на загинати во експлозијата на пејџер се искачи на 12, откако уште тројца оперативци на групата им подлегнаа на повредите, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Погледнете како изгледал Бејрут во моментот на експлозијата на пејџери (ВИДЕО)

Како што се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Турција, Ердоган во разговорот им посакал и брзо закрепнување на повредените.