Песков: Русија го зголеми бројот на вооружените сили поради заканите за земјата

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин издаде указ за зголемување на бројот на вооружените сили на Руската Федерација поради потребата да се одговори на актуелните закани за земјата, изјави денеска прес-секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

„Тоа е предизвикано од бројните закани што постојат за нашата земја на нашите граници. Тоа е предизвикано од крајно непријателската ситуација на западните граници и нестабилноста на источните граници“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање за причините поради кои Путин го потпиша указот за зголемување на бројот на вооружените сили на Русија.

Песков изјавил дека поради овие закани било неопходно да се преземат соодветни мерки, пренесува Интерфакс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите менуваат тактика, се наѕира крвава битка. „Ако не умрат тие, нашите војници ќе умрат“

Во понеделникот, рускиот претседател Владимир Путин го зголеми бројот на припадниците на вооружените сили на Руската Федерација на речиси 2.390.000 луѓе, вклучително и еден и пол милион воен персонал, јави Танјуг.