Ал Џезира објави видео на кое се гледа хиперсонична ракета истрелана од групата Ансар Алах (Хути) во централен Израел во понеделникот.
Израелската противвоздушна одбрана не успеа да ја пресретне и собори ракетата.
Според снимката што ја објави јеменската група, ракетата наречена „Палестина 2“ може да достигне цели на оддалеченост од 2.150 километри, а се работи за ракета со цврсто гориво во две фази.
Ракетата се карактеризира со употреба на стелт технологија и достигнува брзина од 16 махa.
Според она што може да се види на видеото, лансиранa од пустинска област.
Израелската окупаторска армија објави дека отворила истрага за причините за доцнењето на забележувањето и пресретнувањето на ракетата.
Армијата соопшти дека проектилот поминал растојание од речиси две илјади километри и дека биле потребни околу 15 минути за да се пробие во воздушниот простор од источната граница.
Потврдено е и дека воздухопловните сили спроведуваат истрага за причините за неуспехот на противвоздушната одбрана.
Снимката може да ја погледнете ТУКА.