Населбата Петралија Сотана се наоѓа во областа Палермо, а позната е по својата куќа со бизарен изглед, широка само 100 сантиметри.
Неофицијално ја носи титулата „најтесна куќа на светот“ и е една од најнеобичните туристички атракции во Италија.
Се верува дека куќата позната како „Куќа на инаетот“ е изградена во 1950-тите кога било вообичаено жителите да ги прошируваат своите резиденции вертикално со одобрение од нивните соседи.
Двокатницата е толку тесна што двајца луѓе едвај можат да се разминат, па се поставува прашањето зошто постои?
Одговорот лежи во името на куќата, а легендата вели дека е изградена за време на расправија меѓу двајца соседи.
Сопственикот на „најтесната куќа“ не добил дозвола за проширување, па решил да се реваншира. На одредена далечина подигнал необична зграда – само за да го блокира погледот на соседот.
И покрај тоа, куќата е практично празна и не е наменета за живеење. Денес е позната низ целиот свет и туристите доаѓаат во Петралија Сотана за да ја видат со свои очи.