УХМР најавува нестабилно време кое ќе трае неколку дена

Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Loading...

Процесите повремено ќе бидат поинтензивни и наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Особено нестабилно ќе биде утре и во  сабота, a во  недела ќе има помали услови за нестабилност.

Oд понеделник до средината на следната седмица повторно ќе има услови за појава на локално невреме.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски