Семејствата на Американците киднапирани од Хамас и држени во Газа од 7 октомври ќе поднесат барање до администрацијата на Џозеф Бајден да склучи договор со палестинската милитантна група Хамас за ослободување на нивните најблиски, објави NBC News.
Договорот нема да ги вклучи Израелците, кои одделно се обидуваат да ги ослободат киднапираните израелски граѓани.
Американските медиуми објавија дека семејствата на киднапираните се сретнале со американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, во неделата, неколку часа откако израелската армија ги пронашла телата на шестмината заложници убиени од Хамас во Газа минатата недела, вклучувајќи го и американско-израелскиот државјанин Херш Голдберг- Полин, пренесува Танјуг.
Се верува дека 97 од 251 заложник земен од Хамас остануваат во Газа, меѓу кои и седум американски државјани.