Во кумановската касарна SEEBRIG одбележа 25 години постоење (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово денеска со свечена церемонија беа одбележани 25 години од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG.

Loading...

 

 

Бројни делегации присуствуаа на настанот, а меѓу нив и министерот за одбрана Владо Мисајловски кој во своето обраќање истакна дека ова е иницијатива која „донесе дијалог и овозможи создавање на средина во која владее меѓусебна солидарност и поддршка меѓу државите“.

– Имајќи ја предвид актуелната геополитичка состојба посебно во Европа, загрозената безбедност, бројните форми на хибридни закани, лажни вести, дезинформации, како и научени лекции од минатото соочувајќи се со КОВИД кризата и природните катастрофи, имаме силен мотив да продолжиме да ги јакнеме нашите одбранбени капацитети, да ја јакнеме одбранбената билатерална и регионална соработка, рече Мисајловски.

 

Loading...

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Косматац – Кумановско село кое го основале Черкезите

Како што рече, денес „нашата армија е ценет придонесувач кон глобалниот мир“.

Остануваме фокусирани и кон исполнување на втората стратешка цел полноправно членство во Европската Унија со што уште повеќе ќе придонесеме за стабилност и развој на регионот, рече министерот.

 

 

Свое обраќање пред присутните имаше и Претседавачот на Координативниот комитет на SEDM и на Политичко-воениот Управен комитет Симона Којачару од Романија, која даде осврт на она што било сработено откако нејзината земја го презела претседателството.

– Мирот и добрите односи на кое било поле, а особено во меѓународните односи бараат зајакната меѓународна соработка и слободоумен пристап кон сите проекти за соработка. Тоа можеме да го направиме ако продолжиме да инвестираме во процесот на СЕДМ и да работиме СИБРИГ да стане сè поважен актер за регионална стабилност, рече Којачару.

Loading...

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 1.100 ученици во Куманово бесплатно пливаат на затворениот Градски базен (ФОТО)

Командантот на Командата на SEEBRIG, бригадниот генерал Билбил Битри од Албанија, рече дека од своето основање, СИБРИГ стана симбол на единство.

– Денес, ги славиме не само достигнувањата на нашата организација, туку и духот на соработка и другарство што го дефинираше нашето патување. Преку посветеноста на нашите воени припадници во нашите шест земји, мудроста на нашите цивилни и воени лидери и поддршката од нашите заедници стигнавме до овој значаен момент, рече тој во своето обраќање.

 

 

Loading...

На свечената церемонија присуствуваа и началникот на ГШ на Армијата, генерал – мајор Сашко Лафчиски, заменици министри за одбрана на Бугарија и Романија, генерали од армиите на Бугарија, Романија, Грција, Турција, командантот на ЕУФОР АЛТЕА, директорот на RACVIAC, командантот на Бригадата на Литванија-Полска-Украина и други високи гости од земјите членки на SEDM/SEEBRIG и од воено дипломатскиот кор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре без струја поголем дел од Куманово и околината

 

 

Инаку, во рамките на регионалната Иницијатива на министри за одбрана – SEDM (South East Defense Ministerial) функционираат Мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа, односно SEEBRIG (South-East European Brigade), во која покрај нашата, земји членки се и Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција.

 

Loading...

 

Бригадата е формирана во 1999 година врз основа на потпишаната Спогодба од страна на министрите за одбрана на 26 септември 1998 во Скопје, Република Македонија.

 

Loading...

 

Со Спогодбата определени се улогата и основните задачи на бригадата, начинот на функционирање, нејзиното финансирање, регулирање на локацијата на Командата на SEEBRIG, начинот на пополна со персонал и неговите функции, како и задачите и обврските на единиците декларирани во бригадата.

 

 

Loading...

Од 26ти август 2020 година, Командата на SEEBRIG е лоцирана во Куманово.

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски