Неделна прогноза за Куманово: Што носат првите денови од септември?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност поголема попладне.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, информираат од Управата за хидрометеролошки работи.

Максималната температура ќе достигне од 29 до 36 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 34 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време со мала облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 14 степени, а максималната дневна ќе достигне 34 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка тешко повредена откако во неа удрил велосипед

Сончево и многу толло време ќе имаме и во среда. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 14 до максимални 35 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а дневниот максимум ќе достигне 33 степени целзусови.

 

Loading...

 

Петок носи променливо облачно време со слаб до умерен јужен и југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 32 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Од дожд до сонце

Во сабота ќе имаме сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе се движи од минимални 16 до максимални 26 степени целзиусови.

Недела носи сончево и топло време со слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне 28 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Слично време ќе се задржи и во текот на наредната работна недела, но со температури под 30 степени.

Никола Ивановски