Американски сателити намерно се приближуваат до кинеските и руските

Сподели со своите пријатели

Во јули 2021 година, американскиот сателит „Geosynchronous Space Situational Awareness Program“ намерно му се приближил на кинеското вселенско летало „Шиџиан-20“ на растојание од 29 километри.

Loading...

Ова стана познато за Space News од публикација на кинески експерти објавена во списанието „ACMSR“.

Според изданието, минатата година беше објавено дека сателитите „Geosynchronous Space Situational Awareness Program 4“ и „Shijian-20“ дошле на десет километри еден од друг.

Авторите на публикацијата повикуваат на развој на кинескиот систем во вселената и тврдат дека Американците се супериорни во оваа област.

Во април USA Today објави, повикувајќи се на заменик-администраторката на НАСА, Памела Мелрој, дека руските и американските сателити дошле на десет метри еден од друг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руте: Војната во Украина е дел од глобалната борба за моќ меѓу САД и Кина

Сателитот „Mesosphere Energetics and Dynamics“ и „Kosmos-2221“ се приближија еден на друг на 28 февруари. Првите податоци покажаа дека сателитите се оддалечени околу 20 метри.

Последователните анализи покажаа дека овој параметар е уште помал, пренесува руската веб-страница „лента.ру“.