Спортската сала во Куманово го добива новиот лик (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Се ближи денот кога Спортската сала во Куманово ќе блесне во својот полн сјај, а реконструкцијата е во  завршна фаза.

Loading...

Како што објави градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, во тек се подготовки за поставување на новиот под.

– Нашата убавица, Спортска сала – Куманово добива нов лик. По завршениот втор слој на епоксид се подготвува поставување на подот на борилиштето, вели Димитриевски.

 

 

Претходно беше поставено новото осветлување, но и новиот модерен висечки ЛЕД семафор кој ќе се наоѓа на центарот на конструкцијата.

Како што претходно најави кумановскиот градоначалник,  ќе следува и замена на санитариите, одводот, водоводот, лепење плочки и партерно уредување од надвор.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајдено малолетното девојче од Пчиња кое беше пријавено за исчезнато

– Проблемите што ги имавме со кровната конструкција веќе се решени и се работи на осветлување и комплетна замена на електриката во спортската сала, рече Димитриевски.

 

 

Првиот спортски натпревар неофицијално ќе се игра за денот на ослободување на Куманово – 11 Ноември.

Според техничката документација целиот проект требало да чини 6,5 милиони евра, но работите се завршени за многу помалку пари, појаси Димитриевски претходно.

– Согласно проектната документација целата реконструкција според проектот направен пред четири години изнесува 6,5 милиони евра. Се надевам дека освен позицијата греење и ладење ние успеавме со квалитетен избор на изведувачи по пат на јавни набавки нема да потрошиме ниту 2 милиони евра и потоа ќе бараме само да биде решено греењето и ладењето, појасни Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезнат жител на Младо Нагоричане

 

Loading...

 

Спортската сала во Куманово е изградена 1980 година и има капацитет од околу четири илјади седишта.

Никола Ивановски