Русија: Одбиен обид на украинските диверзанти да упаднат во Брјанск

Сподели со своите пријатели

Гувернерот на Брјанската област Александар Богомаз објави дека имало обид на украинска диверзантско-извидувачка група да упадне во овој руски регион.

Loading...

Тој прецизираше дека обидот за упад се случил вчера во областа Климово, која се граничи со украинската област Чернихив.

„Непријателот е погоден од оган“, напиша тој синоќа на каналот „Телеграм“, пренесува Интерфакс.

Ситуацијата е стабилизирана и е под контрола на регионалниот оперативен штаб, додаде Богомаз.

Областа Брјанск се наоѓа северозападно од областа Курск во Русија, каде што од почетокот на август трае украинскиот упад.

Напад на регионот Волгоград: Пожар избувна во воен објект поради пад на дрон

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во текот на ноќта соборило 28 беспилотни летала над руска територија, од кои 13 во регионот на Волгоград, седум во Ростов, четири во Белгород, два во Воронеж и по еден во регионите Брјанск и Курск.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски агенти ѝ го заробиле сопругот и ја уценувале: „Го измачуваме, а ти си виновна“

Гувернерот на регионот Волгоград, Андреј Бочаров, претходно денеска соопшти дека руските сили за противвоздушна одбрана одбиле напад на украински беспилотни летала на територијата на тој регион и дека повеќето од беспилотните летала се уништени, а во воен објект избувнал пожар поради до падот на еден соборен дрон.

Во објава на Телеграм, тој додаде дека нападот бил во регионот Мариновка и дека поради пад на беспилотно летало избувнал пожар на територијата на објектот на руското Министерство за одбрана, но не прецизирал кој објект тоа беше, пренесува РИА Новости.

Loading...