Нетанјаху: Израел не се согласи да ги повлече војниците од т.н коридор Филаделфија

Сподели со своите пријатели

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска соопшти дека Израел не се согласил да ги повлече своите војници од таканаречениот коридор Филаделфија долж границата меѓу Египет и Газа.

Loading...

– Израел ќе инсистира на постигнување на сите свои воени цели, како што е дефинирано од Кабинетот за безбедност, вклучително и дека Газа никогаш повеќе не претставува закана за безбедноста на Израел. За ова е потребно обезбедување на јужната граница, се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху, пренесува Ројтерс.

Во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, Хамас бара целосно повлекување на Израел од окупираната палестинска енклава, вклучително и повлекување од таканаречениот коридор Филаделфија, тесен дел од територијата долж јужната граница со Египет со вкупно должина од 14,5 километри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Холандската полиција уапси 281 лице на забранет пропалестински протест

Израел сака да ја задржи контролата врз коридорот, кој го освои кон крајот на мај, откако уништи десетици тунели за кои тврди дека биле користени за шверц на оружје во Газа.