Гугл ги уценувал инфлуенсерите за новата серија паметни телефони Pixel

Сподели со своите пријатели

Американската технолошка корпорација Google извршила притисок врз технолошките инфлуенсери да пишуваат позитивно за новата серија на паметни телефони Pixel, пишува порталот Verge.

Loading...

Според извештаите, компанијата очекувала учесниците во таканаречениот Team Pixel, група на влијателни лица кои се меѓу првите кои имаат пристап до технолошките производи, да ги претпочитаат телефоните Pixel на Google над конкурентските производи.

Доколку учесниците повеќе ги истакнат предностите на другите брендови, „ќе мораме да ја прекинеме врската помеѓу брендот и создавачот на содржината“, се вели во текстот на договорот на Google со инфлуенсерите, што налути многу учесници на оваа заедница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бројот на заболени од мали сипаници во светот е зголемен за 20 отсто

„Официјално се повлекувам од Team Pixel. Беше убаво, но оваа програма повеќе не е во согласност со моите етички убедувања или во најдобар интерес на мојот канал и содржината што им ја давам на гледачите. Денеска им испратив е-пошта и се откажав “ објави инфлуенсерот Адам Метлок .

Менаџерот за комуникации на Google, Кајла Гејер, рече дека технолошката компанија направила грешка при изборот на формулацијата за договорот со инфлуенсерите и дека формуларот за договорот оттогаш е отстранет од страницата.

Минатата недела Google претстави нова серија на паметни телефони Pixel.

Основниот модел Pixel 9 има чип Tensor G4, 12 гигабајти RAM и мноштво функции напојувани со вештачка интелигенција, вклучувајќи ја и можноста за комбинирање луѓе од две фотографии во една снимка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тајфунот Усаги ги погоди Филипините, петта голема бура во последните три недели

Почетната цена на основниот модел е 800 долари, пренесува Танјуг.

Loading...