Четворица тинејџери од Германија, од кои едниот малолетен, биле приведени вчера во Куманово по меѓусебна физичка пресметка.
Loading...
– На 18.08.2024 во 04.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Г.(20), А.А.(18), М.С.(20) и еден малолетник, сите од Сојузна Република Германија, затоа што пред угостителски објект во село Проевце, кумановско, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Никола Ивановски