Дрекслмајер Инфо канцеларијата во Куманово започна со работа

Сподели со своите пријатели

Дрекслмајер Македонија ги отвори вратите на новата Инфо канцеларија лоцирана во централното градско подрачје на Куманово, како еден од најголемите работодавачи во земјата кој се стреми да биде што поблиску до своите вработени, но и до новите потенцијални заинтересирани за работа во компанијата.

Loading...

Секој работен ден од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот новите потенцијални вработени ќе имаат можност да се сретнат со искусни регрутери од Одделот за човечки ресурси кои ќе им да дадат детален увид во работните активности, вредностите и мисијата на компанијата и ќе им помогнат брзо и лесно да поминат низ процесот за аплицирање за посакуваната работна позиција.

 

 

Инфо канцеларијата ќе биде поблиску до сите заинтересирани кандидати за работа во компанијата. Целта е да се обезбеди сеопфатна поддршка и информации за новите потенцијални вработени кои се заинтересирани да ги истражуваат можностите за работа и кариера во Дрекслмајер, да дознаат повеќе за корпоративната култура на компанијата, тековните отворени работни позиции како и за придобивките од тоа да се биде дел од Дрекслмајер тимот.

„Веруваме дека најдобриот начин за поврзување со потенцијалните нови вработени и таленти е преку директен ангажман и отворена комуникација“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на Дресклмајер Македонија. „Нашата нова Инфо канцеларија во Куманово е доказ за нашата посветеност на локалната заедница во насока на создавање квалификувани и обучени кадри“, додава Мирингер.

Дрекслмајер е семејна компанија со традиција од повеќе од 65 години и размислува не само за сегашните, туку и за идните генерации. Со своите постапки кои се засноваат на одговорност за иднината на опкружувањето во кое делува, компанијата заедно со своите вработени како најважен капитал, го обликува карактерот на мобилноста на иднината.

Loading...