Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва прогласи тридневна жалост за авионската несреќа кај Сао Паоло, во која загинаа 61 лице.
„Од моментот на објавување на оваа уредба, официјално прогласувам тридневна жалост низ целата земја за жртвите во авионската несреќа“, се вели во соопштението на Лула да Силва објавено на мрежата Х.
Патнички авион со 61 патник и членови на екипажот се урна вчера во бразилскиот град Вињедо, во близина на Сао Паоло, а нема преживеани.
Според информациите на носачот „Voepass Linhas Aéreas“ се работи за турбопропектор АТР-72 кој се урнал меѓу Каскавел и Гуаруљос.
Во авионот имало 57 патници и четворица членови на екипажот.
Бразилските власти пронајдоа црна кутија на местото на несреќата, а медицински тим е на местото на несреќата кој работи на идентификување на жртвите.