Вкупно 11 пожари имало вчера на територијата на Куманово, а утринава се уште гори во атарот на селото Кокошиње.
Како што информира командирот на Територијалната противпожарна единица Куманово, Дејан Илиевски, моменталната состојба е мирна, освен во Кокошиње.
– Пожарот во село Кокошиње се уште е активен над селото каде е непреистапен дел. Ме може да се излезе ни со возило, ниту пеш со вода за да се интевернира. Во овој период најголем пожар ни е во атар на селата Кшање и Кокошиње, зафатена е територија на соседна општина Свети Николе атар Ѓуѓанце, информираше командирот.
Пожарникарите завршиле со интервенција и смена која траела цели 24 часа.
Илиевски вели дека се во постојана комуникација со месното население и ако има потреба ќе се интервенира дополнително.
– Се работи за пожари на отворен простор, сува трева деградирана шума, имаше опожарување на објекти, имаше и жртва. Немам инормација за колку објекти станува збор, бидејќи станува збор за голема површина, ќе ја добиеме таа информаицја ќе бидете известени, додава командирот.
Како што информираше директорот на Центарот за управување со кризи, во Куманово активни пожари утринава има во Кокошиње и К’шање со правец на движење кон селото Мургаш.
Вчера во попладневните часови повозрасен маж го загуби животот во кумановско Кокошиње откако се задушил од чад од пожарот.
Кумановските пожарникари според Регионалниот центар за управување со кризи имале полни раце работа.
Во населбата Перо Чичо гаснеле сува трева, како и на спомен Костурница и во селото Никуштак и филтер станицата за вода, а помагале и во соседната општина Старо Нагоричане.
Никола Ивановски