Ферари ќе се плаќа и во Европа со криптовалути

Сподели со своите пријатели

Ферари објави дека ќе го прошири својот систем за плаќање со криптовалути во Европа до крајот на месецот.

Loading...

Италијанскиот производител на луксузни автомобили овозможи плаќања со криптовалути во САД минатата година, а сега планира да го стори истото со другите меѓународни дилери до крајот на 2024 година.

И покрај општиот тренд во индустријата каде повеќето компании избегнуваат криптовалути, Ферари ја прифати оваа „иновација“.

Одлуката е донесена по барањата на богатите клиенти и успешното воведување на овој платен систем во САД.

Во САД, Ферари соработува со BitPay за обработка на плаќања во криптовалути како што се Bitcoin, Ether и USDC.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Литванија: Aвион удри во станбена зграда и експлодираше (ВИДЕО)

Овој систем ги штити трговците од флуктуации на цените со моментално претворање на дигиталните валути во традиционална валута.

Исто така, практичноста е што нема такси или доплати за клиентите.

Детали за имплементацијата на системот во Европа се уште не се откриени, но повеќето дилери на Ferrari веќе го усвоија или се во процес на усвојување на новиот систем.

Loading...